ОД СЕВЕР НИ СЕ СПУШТА СВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА: Утрешниот ден со значително пониски температури, но и на повеќе места со врнежи
Под влијание на влажна но и посвежа воздушна маса од север, утре ќе имаме значително посвеж ден за разлика од денес кога температурите преку ден ќе се искачуваат во интервалот од само 12 до 20 степени.
Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд, побилни во јужните предели каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
Утре ќе дува и ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така ќе биде посвежо и променливо со услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 17-18 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by