ОД ПЕТОК ПОТПАЃАМЕ ПОД ЈУЖНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ: Ќе биде потопло, променливо, со повремени врнежи, а снег ќе врне само на високите планини!
Од овој петок (6.10.2024) и за време на викендот под влијание на јужно воздушно струење, ќе имаме потопло време со повисоки минимални утрински и максимални дневни температури на воздухот. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните дневни на многу места ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека поради затоплувањето, снег ќе врне само на највисоките планини. Пообилни врнежи, како и на повеќе места во Македонија ќе имаме во недела, кога ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (Повремено и локално со брзина до околу 70 км/час).
И во Скопскиот регион исто така ќе биде потопло за време на споменатиот период, со температури кои ќе се искачуваат за некој степен над 10 степени. Особено повремени врнежи од дожд ќе има во недела, кога ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
По подолг период на студено време со потпросечни температури на воздухот, во петок, како и за време на викендот ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот, и тоа поради споменатото јужно воздушно струење.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by