Од денес (петок) 5.7.2024 температурите ќе започнат да се покачуваат
Почитувани, од денес како што и претходно најавивме температурите кај нас во Македонија ќе бележат тенденција на пораст, па така максималните дневни температури на воздухот денес (петок) 5.7.2024 ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 30, 31 степен.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, но сепак ќе има појава и на мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во текот на денов следува детална анализа околу многу топлиот бран кој повторно ни доаѓа од Африка, и тоа уште од овој викенд.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]
Занимливости / Прогноза / Свет


by