Од 26 март вистинска зима на Балканот, почетокот на Април зимско време

Судејќи по она што го цртаат најновите ажурирања на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) сигурно е тоа дека од 26-ти март 2026 (четврток) доаѓа вистинска снежна бура на Балканот а најпогодени ќе бидат Босна  и Хрватска каде на планинските места ќе падне  и до околу еден метар снег а врнежи од снег ќе има  и на помала надморска височина проследени со бурен ветер. Температурите нагло и значително ќе опаднат за повеќе од 10 степени па и за околу 15 степени а сето ова катастрофално ќе се одрази врз овошките кои се во фаза на цветање.

Барем од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, првата седмица од месец Април ни носи многу поладно време од вообичаеното и исто така зимнско време со чести врнежи од дожд, снег и снежна покривка. Врнежи од снег ќе има и во делови од градовите ширум регионот.

Кај нас во Македонија исто така не чека невообичаено ладно време за почетокот на месец Април а сето тоа почнува како што веќе кажав и најавив од 26-ти март 2026 (четврток). Во Македонија повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд, планински снег и повремено силен јужен ветер (локално со брзина од над 60 км/час). И во Македонија, особено во северните  и во западните предели повремено снежната граница може да се спушти и под 1000 метри надморска височина со што врнежи од снег повремено може да има  и во повисоките населени места.







Занимливости