Обилните врнежи продолжуваат во Македонија, досега наврнаа 55 литри дожд.
И вечерва особено во западните предели продолжуваат обилните врнежи од дожд кои локално се проследени и со појава на грмежи и силен западен и југозападен ветер во вид на локално силно невреме. Понатаму врнежите ќе се прошират насекаде во нашата Македонија.

На табелата можете да ги видите вечерашните температури измерени до 19 часот во нашата Македонија како и наврнатото количество на воден талог до 19 часот вечерва и тоа на мерните станици на УХМР. Може да се види дека досега најмногу дожд наврна на Попова Шапка и тоа 55 литри дожд на метар квадратен а од градовите најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 31 литар дожд на метар квадратен.
Поради обилните врнежи можни се и локални поројни поплавувања особено во западните предели од нашата Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by