Обилните дождови придонесоа за намалување на сушата во Македонија!
Обилните врнежи од дожд кои во изминатите два дена зафатија поголем дел од нашата Република Македонија и донесоа големо количество на воден талог, придонесоа за намалување на сушата која долго време владееше во нашата Македонија. Особено обилни врнежи имаше во источните, југоисточните, североисточните, како и во централните предели од нашата Република Македонија.
Најмногу дожд во изминатите два дена наврна во Крива Паланка, дури 91 литар дожд на метар квадратен. Значително количесто на воден талог наврна во повеќе градови и места од нашата Македонија.
Овие врнежи и тоа како се добредојдени за почвата, а на овие врнежи кои ја зафатија нашата Македонија особено им се радуваат земјоделците.
Во следниот подолг период ни следува стабилно, суво и значително потопло време со многу сонце. Максималните дневни температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Во Скопскиот регион исто така максималната температура ќе надминува 35 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер. Времето ќе се менува често, па покрај сончевите периоди ќе има и услови за развој на нестабилна облачност, особено во попладневните и вечерните часови. Температурите ќе се движат од 18°C до 25°C, со посвежи утра [...]


by