Обилни врнежи од снег во Македонија: Воведена е забрана за Т.Т.В на планинските превои!
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка,во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража и Плетвар. На планинскиот превој Пресека врнежите се од дожд и снег.
Од 22.50 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци.
Од 23.00 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар во двата правци.
Намалена видливост поради појава на магла до 20м има во Маврово и од 20 – 30м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка – (од с.Шипковица до с.Лисец).
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by