Нов ладен и влажен бран: Викендов повторно ќе имаме врнежи, ќе има и снег
Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа (Сабота и Недела 17 и 18 Јануари 2026). Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација температурите повторно позначително ќе опаднат а особено во недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде долж Повардарието.
Исто така во ваква ситуација облачноста ќе се зголеми и ќе имаме повремени локални врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само врнежи од снег во повисоките населени места и на планините каде очекувам формирање на нова снежна покривка како и нејзино проширување.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег а особено во Недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Наутро температурите за време на викендот кој доаѓа ќе бидат значително пониски особено во Недела на 18 Јануари кога тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 4 степени а исто така значително пониски температури ќе имаме и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by