НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе врне пообилно, а на планините ќе провејува снег!

Денес (петок 9 мај) во текот на попладневните и вечерните часови, како и ноќта кон сабота (10 мај) од Медитеранот во нашата Македонија ќе навлезе нов влажен бран кој на повеќе места ќе услови врнежи од дожд, локално пообилни и поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе започне да дува северен ветер, повремено со поголем интензитет, а температурите ќе опаѓаат, и тоа поради продор на поладен воздух од север и од североисток.

И во Скопскиот регион со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни и проследени со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе опаѓа.

Поради падот на температурите, на највисоките планини (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за провејување на снег.

Што се однесува до температурите, тие денес (петок 9 мај) ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени, меѓутоа како што претходно кажав, во текот на ноќта кон сабота (10 мај) позначително ќе опаѓаат со северниот ветер.

Само да напоменам дека за време на овој влажен бран од Медитеранот, локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.







Занимливости

  • 19 Мај 2025

    Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите  и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие  и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]