Ни следуваат чести и пообилни врнежи, од четврток (8 Јануари) заладување и снег
Под влијание на циклонска активност и на серија на влажни воздушни бранови од запад и од југозапад во Македонија во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со чести и повремено пообилни врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат проследени и со засилен ветер од јужен правец. Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд а во западните предели локално над 50 литри на метар квадратен дожд).
И во Скопје и околината во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од јнужен правец. Температурите остануваат релативно високи и над просекот за овој период од годината и тоа поради јужното воздушно струење и потоплата воздушна маса од југ. Температурите на повеќе места ќе се искачуваа до околу а во делови од Македонија тие ќе надминуваат и 10 степени. Релативно високи и над нулата ќе бидат и ноќните и утринските температури на воздухот.
Поради продор на значително ладен воздух од север кај нас во Македонија во четврток (8 Јануари) температурите значително ќе опаднат и повторно тие ќе бидат зимски и проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Токму поради ова врнежите од дожд на планините и на повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Во четврток (8 Јануари) барем од она што можам во моментов да го кажам снежната граница може да се спушти и под 1000 метри надморска височина а појава на повремени врнежи од снег би можело да има и во пониските предели (градовите).
Понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа околу новиот продор на ладен и влажен воздух од север кој го очекувам од четврток (8 Јануари) во Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]


by