Ни следува брз продор на ладен воздух од северозапад: Ќе дува силен ветер!
Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието. Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
Апелирам, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во утринските часови од денешниот ден среда 3 Јуни 2026 во Македонија имаме ведро време со појава на мала до умерена локална облачност и имаме релативно високи температури, односно пријатно време ова утро и без некој изразен ветер. Од запад полека ни се приближуваат малку повеќе облаци. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени низ Македонија во [...]


by