Ни доаѓаат краткотраен дожд и снег во северните предели и засилен северен ветер
Денес вторник 24 февруари 2026 во попладневните и во вечерните часови во Македонија и тоа особено во северните предели ни следува краткотрајна промена на времето со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд во пониските места (градовите) како и повремен снег на планинските места над 1100/1200 метри надморска височина. Повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион а на околните планини ќе има повремен снег.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието и во источните предели (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).
Максималната дневна температура денес ќе бидат натпросечно висока и ќе се искачува во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 14 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by