НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Оваа недела ќе ја поминеме во знакот на антициклонот “Зевс” кој носи стабилно и суво време!
Во текот на оваа седмица ќе бидеме под влијание на антициклонот “Зевс” кој освен нас, го опфаќа и поголемиот дел од Европскиот Континент. Времето ќе биде стабилно, суво и со се повеќе сонце.
Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.
Наутро температурите, ос
обено во првите денови од оваа седмица ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -2 степени, а тие понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст секојдневно.
Особено натпросечно високи температури преку ден ќе имаме за време на викендот кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4 и -2 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени.
- Се до 6 февруари врнежи од снег и нова снежна бајка во Македонија не се очекува.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by