Недела 17 Мај 2026 ни носи заладување и можен снег на планинските врвови
Во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре во текот на денот Недела 17 Мај 2026 поради продор на поладен воздух од северозапад преку Алпскиот регион ќе пристигне во Македонија и ќе донесе заладување проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец и тој најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Ќе има и поовремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет а на највисоките планински места во Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови за слаби врнежи од снег.
И во Скопје и околината денот Недела 17 Мај 20926 ни носи поголем пад на температурите и засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Науто температурите во Недела на 17 Мај 2026 ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 21 степен. Во Скопје и околината во Недела 17 Мај 2026 наутро температурата ќе се спушти до околу 6 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 19 степени.
Да напоменам дека овој продор на поладен воздух од северозапад преку Алпскиот регион повторно од ноќва и утре Недела 17 Мај 2026 ќе ни донесе пониски температури од просечните за месец Мај 2026.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by