Наврна големо количество на дожд, а имаше и силно невреме во Македонија!
Во изминатите 24 часа во Македонија, односно вчера (четврток 5 јуни) во попладневните часови на повеќе места беше многу нестабилно со поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења и силен ветер, а локално имаше појава и на невреме со силен град.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 8 часот денес наврна во Берово, и тоа 25 литри на метар квадратен дожд. Исто така денешните минимални температури на воздухот беа високи.

На табелата можете да ги видете денешните минимални температури измерени по градови и места во Македонија, до 8 часот утринава, но и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на вчерашното попладне и рано вечерта, вторник 23 јуни, поради влијанието на циклонската активност со центар над Турција, во Македонија на повеќе места имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра кои придонесоа да има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално имаше [...]


by