НАТПРОСЕЧНОТО ТОПЛО ВРЕМЕ ЌЕ НИ ТРАЕ КРАТКО: Веќе од викендот доаѓа ладен и голем снежен бран – Снег насекаде во Македонија!
Како што претходно најавив и напоменав, Божиќните празници ќе ги поминеме со натпросечно високи температури на воздухот, кои ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие има можност да се искачат и за некој степен над 15 степени.
Поладно ќе биде во котлините со магла и со ниска облачност, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието. Да напоменам дека повремено овие празнични денови ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет.
Веќе од викендот, како и во почетокот на следната седмица, територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на ладен и влажен бран од север, односно снежен бран кој ќе донесе пообилни врнежи од снег во најголем дел од Македонија. Позначителна снежна покривка би се формирала во најголем дел од Македонија, вклучувајќи ги и градовите, а на планините и на Скијачките центри постојната снежна покривка значително ќе се зголеми.
Сето ова ќе биде проследено со голем пад на температурите, како и со повремено засилен ветер од северен правец.
Само да напоменам, дека со овој бран, најпрвин на пониските места врнежите ќе бидат од дожд, а потоа насекаде тие полека ќе преминуваат во снег. Со овој бран, снег се очекува и во Скопје и околината.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by