НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Септемвриското лето продолжува во Македонија!
Под влијание на Антициклон и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка и во следните денови во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност и со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
Исто така, повремено ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
И во Скопје и околината во следните денови ќе имаме стабилно, суво и натпросечно топло време.
Што се однесува до температурите, тие преку ден во повеќето градови ќе надминуваат 30 степени, а во југоисточните предели како и во Повардарието тие локално ќе се искачат до, па и ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината во следните денови температурата преку ден ќе надминува 30 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен. Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто [...]


by