НАЈНОВО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И НАЈАВА: Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија – Бидете крајно внимателни
Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.
И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]