НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Доаѓа есенски силен циклон над Балканот, како и многу снег на алпите!
Силен циклон со центар над Џеновскиот залив од утревечер ќе донесе многу снег во алпскиот регион, а од понеделник и големо невреме ширум балканот, кое ќе биде проследено со интензивни дождови, силни ветрови, електрични празнења, како и локално крупен град. Температурите драстично ќе се намалат насекаде во регионот. На алпите понекаде се очекува снежна покривка дури од над половина метар, но и минусни температури.
Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа апелираме до нашите граѓани кои се наоѓаат во некои од државите од регионот да бидат крајно претпазливи во случај на појава на силно невреме. Температурите во текот на следната седмица ќе бидат под просекот, односно ќе биде постудено од вообичаеното.
Кај нас промена на времето и локално невреме се очекува во вторник, особено попладнето и вечерта и тогаш температурите ќе се намалат, но нема да бидат толку ниски за разлика од оние кои ќе ги имаме во останатите делови од балканот. Кај нас тие сеуште ќе бидат летни.
Барем според сегашните анализи со кои располагаме, летни денови ќе имаме и во септември месец, иако тогаш започнува климатолошката есен.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]