НАЈАВА ЗА НОВ ВЛАЖЕН БРАН: Од среда навечер, како и во четврток во Македонија нови врнежи од дожд и снег!
Променливото време продолжува и во почетокот на оваа работна седмица. Денес (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така утре (вторник) ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно суво.
Нов влажен бран од запад и од југозапад територијата на Македонија ќе ја зафати ноќта среда кон четврток, како и во четврток и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините. Особено во западните предели снежната граница ќе се спушти до околу 1000 метри надморска височина, има услови таа локално да се спушти и под 1000 метри, па така услови за повремен снег ќе има и во некои повисоки населени места во споменатите предели.
Во Скопскиот регион, до средината на работната седмица ќе имаме променливо облачно и претежно суво време. Нови врнежи од дожд ќе има ноќта кон четврток и особено во четврток. На околните планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.
Ветерот кој го имаме деновиве и кој е од северен и од североисточен правец значително ќе ја намали својата брзина.
Што се однесува до температурите, не се очекува некој поголем пораст на истите, па така наутро тие ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат за некој степен под нулата, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by