НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ: Ќе ни донесе и врнежи, планински снег и северен ветер
По вистинската пролет со вистински пролетни температури кои изминативе денови ги имавме во Македонија, веќе од утрешната ноќ кон вторник 20/21 април 2026 ни доаѓа значителна и нагла промена на временската состојба кај нас во Македонија и во поширокиот дел од Балканскиот Полуостров. Продор на значително поладен воздух од север ќе ги спушти температурите во Македонија и поширокиот Балкански Полуостров за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба со оние температури кои ги имаме сега.
Токму ова значи дека топлата облека сеуште ќе ни биде потребна во периодот кој што ни следува.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by