На кратко имаме малку потопло време, следната седмица ново заладување на времето
Според она што во моментов го цртаат прогностичките материјали, односно Европскиот модел за среднорочна прогноза (ECMWF) по релативно пријатно топлиот викенд и малку повисоките температури кои ќе ги имаме преку ден, веќе во текот на следната седмица ќе имаме температури кои повторно ќе бидат претежно потпросечни за месец октомври, тоа значи дека очекувам нов продор на поладен воздух од исток и од свероисток кој ќе услови нов пад на температурите на воздухот.

На метеоролошката карта може да видиме дека цела југоисточна Европа во текот на следната седмица ќе има поладно време од вообичаеното за месец октомври. И покрај ова, најголем дел од Балканот ќе има релативно суво време без некои значителни врнежи. Релативно суво време барем одсега гледано во текот на следната седмица ќе имаме и во нашата Република Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by