НА БАЛКАНОТ МУ ПРЕТСТОИ ВРЕМЕНСКА АНОМАЛИЈА: Температурите ќе скокнат до дури 25 степени!
Во следните десеттина дена територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја секако и нашата Република Македонија, ќе ја зафати временска анималија. Што значи тоа? Температурите ќе бидат невообичаено високи за почетокот на месец март, и тие ќе бидат повисоки за 6 до 8, а во делови од Балканот дури и за повеќе од 10 степени. Ова особено негативно се очекува да се одрази врз метеопатите, и тоа гледано врз здравствената состојба.

Температурите ќе бидат навистина пролетно високи, па на повеќе места ќе се искачуваат и над 15 степени, па дури и до околу 20 степени. Во делови од Балканот максимумот на температурата во следните 6 до 10 денови ќе се искачува до дури околу 25 степени.
И понатаму ќе имаме стабилно и суво време, и ќе имаме многу сушен период, што значи дека во нашиот дел од Европскиот Континент ќе недостасуваат врнежите. За време на овој период, пораст ќе бележат и минималните утрински температури на воздухот.
Кај нас во Македонија во следните денови ќе имаме температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]

by