Моќниот Џеновски циклон во следните 24 часа ни носи многу дожд и снег на планините
Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џеновскиот залив во следните 24 часа односно до вторник 27 Јануари 2026 попладне во Македонија ќе имаме врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со ретки грмежи. Локално особено во централните и во источните предели ќе наврне доста големо количество на воден талог и (над 35 литри на метар квадратен воден талог) и токму во овие предели врнежите ќе бидат најобилни.
Поради продор на поладен воздух од север во текот на ноќта и во вторник на 27 Јануари особено долж Повардарието ќе дува повремно засилен ветер од северен и од северозападен правец и температурите ќе опаѓаат па така на повисоките и на планинските места над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на планините и на Скијачките центри ќе дојде до зголемување и проширување на снежната покривка. Токму на овие места снежната покривка ќе се зголеми за 15 до 20 сантиметри а можно е и за повеќе од 20 сантиметри.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има врнежи од дожд повремено пообилни а ќе дува и ветер од северен и од северозападен правец особено во текот ан ноќта и на ден вторник 27 Јануари. На околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија во следните 24 часа постои ризик од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата како и опасност од нивно излевање и појава на нови поплави. Токму поради ова апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни, особено доколку со своите автомобили минуваат покрај водотеците.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 25 Јануари 2026 во Македонија е претежно облачно и не многу ладно и е претежно суво засега. Дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремерно и локално засилува на интензитет. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро до 5 часот во Македонија. Може да видиме дека [...]


by