Многу сонце и пријатно топло време ова попладне во Македонија
Попладнево во Македонија имаме претежно сончево и натпросечно топло време со појава на мала локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели повремено дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите на многу места надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурата надминува и 15 степени особено во Гевгелискиот регион.

На табелата која ја објави попладнево УХМР можете да ги видите температурите измерени до 13 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by