Многу ладно утро и мраз ни следуваат во понеделник (1 Декември)
Декември оваа 2025 година ќе го започнеме со многу ладно утро и со појава на слана и на мраз во поголем дел од нашата Македонија, а тоа значи дека температурите во поголем дел од нашата Македонија ќе се спуштаат под нулата и тоа поради разведрувањето кое го очекувам. Ќе биде претежно тивко па така по колтините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопје и околината ќе имаме температури под нулата во понеделник наутро на 1 Декември а ќе има услови во дел од котлината и за појава на магла и на ниска облачност.
Декември оваа 2025 година ќе ни започне со стабилно и суво време, односно со сончево време со умерена облачност. Ќе биде претежно тивко а особено во претпладневните и повторно во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува до околу 10 степени.
Инаку во понеделник на 1 Декември ни започнува климатолошката зима.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 1 Мај 2026 петок во поширокиот дел од Балканот е исклучително и невообичаено ладно за овој период од годината. Исто така исклучително ладно ова утро е и во Македонија. Инаку, територијата на целиот Балкан како и на Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот кон нашиот дел од [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by