Многу ладно утринава во Македонија, измерена е најниска температура од -8 степени
Денешното утро во Македонија и понатаму е многу ладно на повеќе места, а на повеќе места исто така, има и зголемена облачност. Најниска температура до 7 часот од -8 степени е измерена на Попова Шапка, од градовите пак најладно во исто време беше во Крушево со -4 степени, а највисока минимална температура од 4 степени е измерена во Гевгелија.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 сантиметри во Маврово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by