МЕТОАЛАРМ НАЈАВА: Следната седмица ќе имаме пониски температури од сега и за повеќе од 10 степени!
Веќе од недела навечер и ноќта кон понеделник (27 према 28 јули) и тоа поради продор на значително посвежа воздушна маса од север, температурите во нашата Македонија ќе бележат тенденција на поголемо опаѓање (за 10 степени, локално и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега).
Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец.
Сепак и покрај ова поголемо освежување, некои врнежи засена нема на повидок, што значи дека големата суша кај нас продолжува и понатаму. Има услови само за сосема ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во текот на следната седмица кај нас во нашата Македонија.
Се на се, следната седмица ќе уживаме во многу попријатно време со значително пониски температури на воздухот за разлика од сега, а наутро ќе биде и значително посвежо.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by