МЕТЕОРОЛОШКИОТ ФЕНОМЕН “ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се
Во текот на претстојното лето феноменот “Ла Ниња” се повеќе ќе добива на сила, а особено таа ќе добие на сила кон крајот на летото, и во текот на есента и зимата 2024/2025.
Токму ова ќе услови ова лето ширум Европа, Балканот, како и во Македонија да има повеќе врнежи од вообичаеното. Се поголеми се шансите да се случат и локални, но големи временски непогоди кои би можеле да нанесат и многу штети. Значи граѓаните да бидат подготвени на се.

Овој метеоролошки феномен ќе ги зголеми шансите и за многу повеќе снег во Македонија во текот на зимата 2024/2025, а токму кога е активна “Ла Ниња” во зимскиот период, тогаш снег врне и во Скопје.
Инаку до сега беше активен метеоролошкиот феномен “Ел Нињо” и тој услови да имаме еден невообичаено топол февруари, па и март. Поладно време имавме и во април, иако и тој беше за некој степен над просекот гледано по температурите. Се на се и зимата 2023/2024 беше со натпросечно високи температури, а речиси и да не видовме снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by