МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме попладнево ќе ја зафати Македонија!
Денес (6 мај вторник) во попладневните и во вечерните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе се развиваат конвективни облачни јадра од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните и во југоисточните предели процесите ќе бидат интензивни, односно ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион исто така ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Апелирам, поради очекуваното силно невреме, граѓаните да бидат крајно внимателни и да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека траат електричните празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by