МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат многу дожд, ладен воздух од север и снег!
Под влијание на голем влажен бран од Медитеранот, од следните часови, почнувајќи од југозападните предели од нашата Македонија (Охридско, Струшкиот и Преспанскиот регион) , ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд, и до утре (петок 16 мај) навечер на повеќе места низ Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри на метар квадратен дожд, локално и над 40 литри на метар квадратен дожд.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд.
Веќе утре (петок 16 мај) во текот на денот и навечер од север и од североисток ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите, на планините (над 1400/1500 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините и со висина од над 10 cм снег, особено во крајните западни и северозападни предели од нашата Македонија.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Температурите утре (петок 16 мај) на повеќе места нема да надминуваат 10 степени, а во делови од Македонија тие ќе бидат и под 10 степени а само во Повардарието тие ќе се искачат до околу 15 степени. На високите планински места тие ќе бидат до близу 0 степени, а на местата со надморска височина од над 2000 метри тие ќе се спуштат и под нулата.
Поради обилните врнежи кои ги очекувам во следниот период, истите можат да условат зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, а можни се и локални поплавувања, токму поради ова, бидете крајно внимателни, особено ако се движите покрај реките и водотеците.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by