МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Ни следувуваат длабоки минусни температури!
Поради разведрувањето кое не очекува од ноќва, па во следните утрини, но и влијанието на многу ладниот бран од север, кој најмногу ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, гледано по температурите на воздухот, истите очекувам насекаде во Македонија да се спуштат под нулата, на повеќе места тие ќе се спуштаат и под -5 степени, а во повисоките места, планините, како и на Скијачките центри, но и во Беровскиот регион тие се очекува да се спуштат до околу, па дури и под -10 степени.
Во Скопскиот регион температурите наутро ќе се спуштаат до близу -5 степени.
Токму поради очекуваните многу ниски минусни температури на воздухот, ги советувам и предупредувам земјоделците, навремено да си ги заштитат своите земјоделски култури, а особено овошките, и тоа поради што се во фаза на големо будење и расветување, поради невообичаеното топло време кое го имавме во изминатиот подолг период во нашата Република Македонија.
Што се однесува до максималните дневни температури на воздухот, тие во следните денови ќе бележат тенденција на пораст.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by