МЕТЕОАЛАРМ РАНА НАЈАВА: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно!
Уживајте во убавото време со многу сонце и пријатна летна топлина преку ден се до 25 септември. До тогаш нашата Република Македонија ќе биде под влијание на Антициклон и во поле на висок воздушен притисок. Температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, односно тие ќе се движат близу 30 степени, а во Повардарието како и во Скопскиот регион тие повремено ќе надминуваат и 30 степени. Утрата остануваат и понатаму свежи.
Веќе од 26 септември па во деновите потоа ни следува голема временска промена, односно, зголемување на облачноста, намалување на воздушниот притисок и повлекување на Антициклоналниот гребен. Во ваква ситуација ќе имаме значително почести и пообилни врнежи од дожд, значително ладно време поради продор на значително поладен воздух од север, а самиот крај на овој месец како и во почетокот на октомври можна е и појава на првите врнежи од снег на планините за оваа сезона.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер. Времето ќе се менува често, па покрај сончевите периоди ќе има и услови за развој на нестабилна облачност, особено во попладневните и вечерните часови. Температурите ќе се движат од 18°C до 25°C, со посвежи утра [...]


by