МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Ни следуваат бурни Атмоферски процеси!

Под влијание на распространета плитка фронтална долина над југоисточна Европа и во нашата Република Македонија, и понатами кај нас ќе имаме честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. На повеќе места ќе има поројни врнежи, проследени со електрични празнења и со засилен ветер. Ваквата временска состојба ќе се задржи се до самиот крај од оваа седмица, а гледано одсега  и за првомајските празници ќе имаме врнежи и грмежи.

Во ваква ситуација локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, силни електрични пранзења  и со појава на град.

И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Токму поради ваквата временска состојба, апелирам на крајна внимателност кај граѓаните.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени се до викендот, кога ќе бележат тендеција на постепено опаѓање.







Занимливости

  • 19 Јан 2026

    Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]