МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Топлиот бран продолжува, но доаѓа невреме во Македонија!

Влијанието на топлиот бран со потекло од Африка во нашата Македонија продолжува  и во следните денови како што веќе знаете, меѓутоа, особено во четврток и во петок (5  и 6 јуни) поради фронтална долина со поладен воздух во висина која ќе се наоѓа над нашиот дел од Европа, во попладневните  и во вечерните часови ќе имаме локално дестабилизирање на атмосферата кај нас.

Во ваква ситуација, локално ќе се развиваат грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Локално пак можна е и појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, кој поради заграната атмосфера и исполнета со енергија истиот би можел да биде  и крупен.

И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе има услови за нестабилност, проследена со врнежи, грмежи, силен ветер  и со услови за појава на невреме.

Апелирам во случај на појава на невреме, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, апелирам на внимателност кај граѓаните, особено оние со автомобили, односно, истите автомобилите да ги ставаат понастрана од дрвја, и тоа  осбено под оние дрвја кои се осамени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

 







Занимливости