МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува екстремно топло време!
Под влијание на екстремно топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија и тоа до четврток (24 јули) времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец. Само денес (недела 20 јули) во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И во Скопскиот регион до четврток (24 јули) следува период на екстремно топло време. Ќе биде претежно сончево со повремено засилување на фенски ветер претежно од западен и од југозапаен правец.
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Повардарието локално температурата ќе надминува 40 степени. Односно, во Повардарието локално температурата ќе се искачи до околу 42/43 степени. Во Скопје и околината температурата за време на овој екстремно топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 42/43 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредно и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот и кога сонцето е најсилно (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by