МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме ќе ја зафати Македонија!
Денес (среда 3 септември) како и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре (четврток 4 септември) под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронталната долина со поладен воздух на висина, и истата се спушта од северозапад преку Алпскиот регион до нашиот дел од Европа, ќе услови во поголем дел од нашата Македонија да имаме променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри дожд на метар квадратен) силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со локална појава на град. Токму поради ова апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност. Односно, во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите тие денес (среда 3 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека утре (четврток 4 септември) тие ќе бидат пониски за неколку степени и ќе се икачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 33 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by