МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До крајот на неделава врнежи, грмежи и невреме!
Под влијание на плиток циклон кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, во нашата Република Македонија, до самиот крај од оваа недела ќе имаме променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични облаци, или нестабилна конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопскиот регион за време на овој период ќе има повремен дожд, кој во делови од котлината ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме.
До крајот на оваа недела локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд).
Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Што се однесува до температурите, тие и во текот на оваа работна недела ќе бидат без поголеми промени и речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до близу или околу 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат и до околу 30 степени. За време на викендот температурата ќе бележи тенденција на опаѓање.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by