МЕТЕОАЛАРМ НАЈНОВА НАЈАВА: За викендот обилни дождови, голем пад на температурите, но и нов снег на планините!
Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Инаку, за викендот, исто така од север ќе се спушта значително поладен воздух кој повторно значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) и особено во западните и во северозападните предели, повторно ќе има услови за нови врнежи од снег.
Најнови информации токму околу оваа нова голема метеоролошка промена, очекувајте во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 11 Јануари 2026 донесе снег и снежна идила на повеќе места во Македонија. Сето ова е поради продорот на многу ладен воздух кој се спушта од север кон Македонија. Дува повремено засилен ветер од северен правец. На табелата која ја објави УХМР може да се види дека утрово на многу места имаме температури под нулата. На [...]


by