Поларна ноќ е пред нас, температурите паѓаат до -20 степени
Територијата на Македонија во текот на оваа ноќ ќе подпадне под уште поладна и поларна воздушна маса од север која дополнителнмо ќе ги спушти температурите на воздухот а исто така облачноста ќе се намали но ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец.
Утрото на 12 Јануари Понеделник ќе биде екстремно ладно во Македонија со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени а во планинските места температурите очекувам да се спуштат и до -20 степени. Во Скопје наутро на 12 Јануари Понеделник температурата ќе се спушти до околу -10 степени.
Многу ладно ќе биде и преку денот Понеделник 12 Јануари со температури кои ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен. Во Скопје температурата во текот на денот Понеделник 12 Јануари ќе се искачи до околу 0 степени.
Поради екстремно ниските температури оваа ноќ очекувам и појава на силни мразеви и на голомразица по патиштата, па токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by