МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА за пороен дожд и грмежи во четврток (29 мај)!
Во четврток (29 мај) во попладневните и во раните вечерни часови како резултат на плитка фронтална долина, со ладен воздух на висина која ќе се спушти од север и од северозапад, на повеќе места во нашата Македонија ќе се развијат грмотевични конвективни облачни јадра кои ќе условат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има пообилен пороен дожд, со што за кратко време можно е да наврне поголемо количество на воден талог.
И во делови од Скопскиот регион во четврток (29 мај) во попладневните и во раните вечерни часови ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, во четврток (29 мај) ќе имаме краткотраен пад на температурите на воздухот, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 20 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by