МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Врнежите кај нас продолжуваат и во текот на ноќта
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување и на снег.
И во Скопје и околината оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) претпладне ќе има повремен локален дожд проследен со повремено засилен ветер од северен правец.
Утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени а преку денот утре температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени а во Скопје и околината утре наутро температурата ќе се спушти до околу 10 степени а преку денот ќе се искачи до околу 13/14 степени.
Од утре попладне следува стабилизирање на времето и престанок на врнежите насекаде во нашата Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by