МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни следува нов продор на топол воздух од Африка!
Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, односно од Африка, викендов повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, а времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата пак ќе бележи поголем пораст.
Максималните дневни температури на воздухот веќе од недела (13 јули) повторно речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат до околу 37/38 степени. Релативно свежо ќе биде и утрешното саботно утро (12 јули) кога минималните температури во нашата Република Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а во Скопје и околината минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by