МетеоАларм најава: Следуваат силен ветер и продор на многу ладен воздух
Поради нагло заладување на времето и продор на многу ладен воздух од север и од североисток, во следните часови во Македонија иако ведро и претежно сончево, сепак ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој ќе биде наизразен во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија и повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.
Во Скопје и околината исто така во следните часови ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина до околу 60/70 км/час.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 6/7 степени.
Сепак вечерва температурите нагло и значително ќе опаѓаат и до утре наутро (Понеделник 29 декември) насекаде во Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен. Во Скопје до утре наутро (Понеделник 29 декември) температурата ќе се спушти до околу -4 степени.
Поради силениот ветер кој се очекува во следните часови, поголемиод дел од Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by