“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Пред нас значително повисоки температури, се очекува тие да наднимат и 30 степени, сепак, ќе има и краткотраен дожд!
Како што и претходно најавив, во Македонија започна период на значително потопло време “Мини Лето”, и истото ќе се задржи до самиот крај на оваа недела. Сепак утре (вторник), како и во среда ќе имаме повеќе облачност и ќе има појава на краткотрајни локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи (но и ова не би било некоја долготрајна и голема промена на времето), поради тоа што веќе од четврток повторно ќе имаме многу сонце во Македонија.
Што се однесува до температурите, тие во периодот кој што ни следува, како утринските, така и максималните дневни постојано ќе бидат во пораст, па така максималните дневни температури насекаде во Македонија ќе надминуваат 20 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе надминат и 25 степени.
Во вториот дел од оваа недела, и за време на викендот во погоре споменатите предели, температурите локално ќе се искачат и над 30 степени. Што значи дека, секако и покрај онаа мала промена на времето која не очекува утре и во среда, ќе има простор и за уживање во пријатно топлите временски услови.
За време на овој период, температурата во Скопскиот регион ќе се искачува во интервалот помеѓу 27 и 33 степени за време на викендот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by