МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Подготвени за летни температури?!
Следната седмица конечно ќе ја почувствуваме летната топлина, што значи за прв пат оваа сезона ќе го почувствуваме влијанието на Африка, што значи тоа?! Тоа значи дека следната седмица ни пристигнува првиот Африкански топол бран и истиот кончено ќе ни донесе многу повеќе сонце, како и летни температури на воздухот.

Во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат над 30 степени.

Врнежите пак речиси и дека ќе ги немаме следната седмица, а тоа значи дека барем одсега гледано, очекуваме конечно повеќедневно стабилно и суво време, со многу повеќе сонце.
Лубителите на летото и на летните температури конечно си доаѓаат на своето.
Да напоменам дека од 1 јуни ни почнува климатолошкото лето.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by