МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Ни следуваат локални врнежи, на планините снег
Зголемена облачност и локални врнежи од дожд ни носи денот понеделник 23-ти март 2026 во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. На планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег. Повремен локален слаб дожд ќе има и во Скопје и околината а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Во вторник на 24-ти март 2026 ветерот од северен правец повремено ќе биде засилен на интензитет а ќе продолжи променливото време со услови за слаб локален дожд.
Наутро во понеделник 23-ти март 2026 температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by