МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Крајот на февруари ни носи вистинска пролет
Целата седмица која што ни претстои во Македонија температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ и таа ќе услови да имаме многу повеќе сончеви периоди, суво време како и натпросечно топло како што птретходно напоменав.

Температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија во текот на седмицата која што ни претстои ќе се искачат и до близу 20 степени што значи дека температурите ќе ни бидат пролетни.
Натпросечно топло време ќе имаме во најголем дел од Европскиот Континент и на целиот Балкан и тоа после долгиот период на врнежливо и многу нестабилно време.

Уживајте во пролетното време во февруари кое не очекува во последната седмица од месец февруари.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by