“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Започнува екстремно топол бран во Македонија – Температури над 40 степени, екстремно висок Ув индекс и тропски ноќи пред нас
Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка и истата условува натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Времето и понатаму во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала локална облачност, а утре повремено ќе засилува ветер од северен правец.
Температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во поголем дел тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие локално ќе се искачат до, па и над 40 степени. Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент околу 9 до 10.
Сепак во недела кај нас атмосферата во попладневните часови се очекува да се дестабилизира, па така локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради присуството на оваа екстремно топла воздушна маса од Африка која ја исполнува атмосферата со многу енергија, локално се очекува и појава на силно невреме со силен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град кој во ваква ситуација би бил и крупен.
Исто така, за време на викендот на Балканскиот Полуостров постои опасност дури и од појава на Суперќелијски облаци и силни невремиња. Овие Суперќелии можат да условат дури и појава на торнада во одредени делови.
Да напоменеме дека пред нас се и тропски ноќи, односно во Македонија на повеќе места температурите и преку ноќ нема да се спуштаат под 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се движат и до околу 25 степени.
Апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и тоа од 11 до 17 часот, и да се пие повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by