“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Викендов многу топол бран од Африка повторно ќе ја зафати Македонија – Очекуваме температури од близу 40 степени
Почитувани мои, пред нас е нагла и голема промена на времето, и тоа гледано по температурите на воздухот и сето тоа особено лошо ќе влијае врз метеопатите кои ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми.
Изминатиов период имавме навистина свежо време, особено во ноќните и во утринските часови кога имавме есенски температури на повеќе места во Македонија. Понекаде во државава температурите во утринските часови се спуштија дури и под 10 степени.
Веќе од овој викенд нашата територија ќе подпадне под влијание на нов многу топол бран од Африка, па така температурите нагло и позначително ќе порастат. Насекаде тие ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.

Времето ќе биде претежно сончево и стабилно а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
За време на овој викенд и во Скопје и околината ќе имаме стабилно, сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.
Ув индексот пак ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by